Филип Додевски, кој освои бронзен медал на официјалното европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо кое се одржува во Шведска, денеска беше поздравен од екипажот на авионот со кој се враќа во Македонија.
Пилотот му честита на Филип Додевски за освоеното трето место во такевондо.
Ти благодарам Филип што така добро не претстави и Македонија на ова првенство, па затоа од екипажот на овој лет ќе си добиеш мал поклон, рече пилотот.
Таеквондо клубот Бутел ги повикува сите сограѓани во спортската сала на ОУ „Свети Климент Охридски“ Бутел скромно, но со многу топлина и чест да го пречекаат европскиот медалист.
Почитувани подржувачи и пријатели на Таеквондо Клуб Бутел, таеквондо спортот и спортот воопшто!
Вечерва со почеток во 19:00 часот во спортската сала на Оу Свети Климент Охридски-Бутел скромно но со многу топлина и чест ќе го пречекаме ЕВРОПСКИОТ МЕДАЛИСТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ ФИЛИП ДОДЕВСКИ !
Со особено задоволство ве покануваме да му покажеме топлина и ПОЧИТ на ова момче кое со сериозна повреда ХРАБРО ни донесе врвен спортски резултат за Македонија.
МЕДАЛ ОД ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО !!!19:00 ч ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !, стои во нивното соопштение до јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.