Утре е историски ден за македонската одбојка. Македонската машка одбојкарска репрезнетација првпат ќе настапи на голем меѓународен настан како што е ЕП кое се одржува во Словенија. Прв противник на Македонија ќе и биде селекцијата на Финска.

По неколку генерации одбојкари денешна предводена од извонредниот Никола Ѓорѓиев конечно успеа да го оствари големиот сон и по стапките на ракометарите и кошаркарите да заигра на едно Европско првенство. Конечно време е за старт на возбудувањата. Утре во 17.30ч Македонија ќе ги одмери силите со Финска , репрезентација која е рангирана меѓу противниците во групата кои можат да се совладаат:

Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеата што ги гледавме, дознавме за нивниот квалитет и длабокиот ростер што го поседуваат. За нас, ова е голем натпревар, затоа што е прв меч на Европските првенства. Одиме да победиме, затоа што работевме напорно и многу поразлично од претходно. Овој тим е подготвен за дебито. Најдоброто од се е што сме обединети како тим и заедно сме како едно“, изјави денеска капитенот на националниот тим Никола Ѓорѓиев.

Покрај Финска во нашата група се уште Русија, Словенија, Турција и Белорусија. Одбојкарите денеска тренираа во спортската сала Стожице во Љубљана и според информациите го очекуваат натпреварот со Финска во добра атмосфера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.