Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос по вторпат во кариерата, откако во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас со 6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4.

До 84. трофеј во кариерата и 19. гренд слем титула светскиот рекет број еден дојде по победата над Рафаел Надал во полуфиналето и со пресврт против Циципас, кој ги доби првите два сета. Сега Ѓоковиќ има само една гренд слем титула помалку од рекордерите Надал и Роџер Федерер.

Победата на Ѓоковиќ во Париз е историски момент во тенисот, бидејќи стана првиот тенисер кој ги освоил сите четири гренд слема по најмалку двапати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.