Полската атлетичарка во фрлање кладиво Анита Влодарчук ја освои денеска олимписката титула на Игрите во Токио и стана првата жена во историјата со три златни медали во атлетските дисциплини.

Покрај три златни одличја на Олимписките игри, Влодарчук има и четири светски титули, а воедно е и актуелен светски рекордер.

Полската атлетичарка триумфираше попладнево исфрлувајќи го кладивото на далечина од 78.48 метри, пред Женг Ванг од Кина, која со 77.03 метри го освои сребрениот медал и третопласираната сонародничка Малвина Копрон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.