Светската рекордерка во скок со стап во женска конкуренција, Елена Исинбаева, смета дека четиригодишните санкции за Русија кои ги изрече Светската анти-допинг агенција, ВАДА, се убиствени.
Ова се екстремно груби, нефер, убиствени санкции. Заедно треба да одлучиме дали ќе ја прифатиме одлуката или ќе се жалиме, напиша Исинбаева на Инстаграм, и додаде дека никој не ни очекувалa позитивна пресуда.
Според Исинбаева, неразбирливо е како може да се загрозат правата на руските спортисти кои не користеле допинг, а да немаат право да настапуваат под руско знаме на светските првенства или Олимписките игри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.