Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини избувна среде мечот со Тенис Сандгрен во 3. коло на Вимблдон.  По слабиот старт против Американецот, Фоњини вината ја побара кај организаторите и нивната одлука мечот да се игра на теренот број 14, со почеток во 13.30 часот.

Зарем е фер да се игра тука? Проклети Англичани. Сакам да ви експлодира бомба во клубов. Бомба треба да експлодира тука , викаше бесниот Фабио Фоњини.

Ваквата реакција сигурно ќе го кошта казна од  од Меѓународната тениска федерација. Италијанецот потоа доби и лекарска помош, откако во нервоза го удри рекетот и заработи повреда на раката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.