Триесет и седумгодишната американска атлетичарка Лоло Џонс призна дека досега никогаш немала сексуален однос, додавајќи дека главната причина за тоа е што сака да чека до првата брачна ноќ.
Се обидував со момчиња од различи друштвени сфери, дури и со колеги атлетичари, но секогаш завршувало со раскинување и со скршено срце. Одлучна сум првиот пат да ми биде на првата браќна ноќ, но никако да го најдам вистинскиот, се пожали Џонс.
Таа додава дека не планира да се откаже од целибатот.
Не знам зошто Бог сè уште не ме блаогсловил со брак. Ми се допаѓаат многу мажи, но тие влегуваат во врска со мене убедени дека ќе го променам ставот. Ме оставаат кога ќе сфатат дека нема да има секс пред олтар, вели Џонс.
Џонс се натпреварува во трки со пречки, а на Олимписките игри во Лондон бронзата ѝ избега за 10 стотинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.