Јамајканката Илејн Томсон Хира го запиша своето име во историјата на Олимписките игри со тоа што стана првата атлетичарка којашто остварила двојна победа на 100 и на 200 метри на две последователни Олимпијади. Истовремено, во финалето на 200 метри, таа го истрча второто најбрзо време во историјата.
Томсон Хира постигна второ најбрзо време во историјата и во трката на 100 метри (10.61), со што стана најбрзата жива атлетичарка во спринтерските дисциплини. Побрзи времиња од неа има само легендараната, веќе почината, Флоренс Грифит Џојнер, која се уште ги држи светските рекорди на 100 (10.49) и на 200 метри (21.34).
Златниот медал на 200 метри, Томсон Хира го заслужи со време 21.53, со кое ги победи „сребрената“ Кристине Мбомба од Намибија (21.81) и Американката Габриел Томас, која трката ја заврши со време 21.87, за освојување на бронзениот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.