Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши втората трка од новата сезона во ТЦР шампионатот на Италија, која што се возеше на легендарната патека „Монца“.
Нашиот најдобар автомобилист кон финишот на трката доби незгоден удар од еден од ривалите и излета од патеката, но иако на прв поглед ситуацијата изгледаше страшна, Иџе не се здоби со никакви повреди.
„Сум имал дуели на патеките и тоа доста жестоки и тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува!“, напиша Иџе на социјалните мрежи.
Извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.