По Григор Димитров и Борна Чориќ, уште еден учесник на „Адрија турнејата“, српскиот тенисер Виктор Троицки се позитивен на корона вирус, откако неодамна се повлече од источноевропскиот шампионат кој се оддржуваше во Белград, јавува српски „Курир“.
Организаторот на турнирот, и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се врати во
Белград, каде што веднаш му беше направен тест на КОВИД-19, а српските медиуми јавувааат дека тој утре ќе се обрати на јавноста, откако целата организација на тениските турнири беше нападната како неодговорна и небезбедна.
Доминик Тим, Марин Чилиќ, Александер Зверев и Андреј Рубљев претходно објавија дека се тестирале и дека се негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.