На фудбалскиот терен на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје во присуство на повеќе од 60 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје, Тетово и Штип вчера, 25.09.2020 заврши одбележувањето на 21 – та Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада, која годинава се одржа во рамки на Европската недела на спорт.
Од 23 до 30 септември, илјадници атлети од цела Европа, учествуваат на Европската фудбалска недела на Специјална олимпијада (European Football Week 2021) поддржана од УЕФА.
Овогодинешниот настан им посакува добредојде на атлетите повторно назад на терените, за да се натпреваруваат, тренираат, а најмногу да го слават повторното заедничко дружење.
„Лицата со интелектуална попреченост, исклучително сериозно страдаа за време на пандемијата со Ковид 19 и покрај вообичаената маргинализација која ја имаат од заедницата, пандемијата дополнително ги затвори и им ги скрати можностите за интеракција, образование, работа и живот. Ние за прв пат, имавме можност вистински да ја осознаеме нивната состојба и што е тоа ограничување, храброст и солидарност, па затоа со огромно задоволство им посакуваме „Добредојде назад на терените“, за да можат да си го искусат повторно, спортот, образованието и активностите кои ги сакаат“ – вели Драган Караџовски – национален директор на Специјална олимпијада Македонија.
Заедно со огромна помош на УЕФА, 30 национални фудбалски федерации и 30 фудбалски клубови се придружуваат со активностите како дел на Европската недела на спортот, на иницијатива на Европската комисија, која што се случува паралелно со Европската фудбалска недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.