Неколку изолирани инциденти се случија на натпреварот меѓу Црвена Звезда и Партизан кој помина во исклучително тензична атмосфера на трибините, иако на теренот се беше решено уште во првото полувреме.
Во една од тепачките, онаа во која во главна улога беше Милан Калиниќ, учествуваше и поранешниот српски министер за одбрана Драган Шутановац (господинот со очилата на фотографијата).
Тој го смируваше Калиниќ, но и го почувствува гневот на разбеснетите навивачи кои го нападнаа актерот. Шутановац беше министер за одбрана на Србија во периодот од 2007 до 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.