Хрватска и го нанесе вториот пораз на Србија во групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо, триумфирајќи со 14:12 (5:3, 1:1, 4:4, 4:4).
Хрватска подобро го отвори дуелот меѓу двата последни олимписки шампиони и поведе со 5:1, но Србија возврати и го израмни резултатот на 8:8.
Продолжението донесе серија грешки на српските ватерполисти во одбраната што Хрватска го искористи за трета победа во четвртото коло во групата Б.
Во преостанатите два натпревари од истата група, лидерот Шпанија го продолжи максималниот ефект со победа над Австралија (16:5), додека Црна Гора триумфираше над Казахстан (19:12).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.