Младиот боксер од Зимбабве, Таураи Зимуња (24) почина во понеделникот како последица на бројните удари кои ги доби за време на борбата што се случи во саботата.

Многумина веруваат дека оваа трагедија можела да се избегне. Имено, љубителите на боксот ширум светот беа шокирани од реакцијата на судијата, кој  мораше да ја прекине борбата.

Несреќниот Змуња во третата рунда доби неколку страшни удари во главата пред да биде нокаутиран. Судијата не реагираше, иако беше јасно дека боксерот е сериозно потресен.

На Зимуњи му била укажана потребната лекарска помош пред да биде префрлен во болница, но не беше спасен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.