Марко Пејчиновски во чест на празникот посветен на исцелителот и чудотворец свети Наум Охридски денеска плива до манастирот „Свети Наум“ од Охрид.
Марко пред три лета на само 12 години направи огромен подвиг кога успеа да го преплива Охридското Езеро.
И покрај тоа што има некроза на коска на долните екстремитети Марко успеа во големиот подвиг и го оствари својот сон. Денес тој има нов предизивик. По повод празникот Свети Наум тој ја препливува делницата од градското пристаниште до Свети Наум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.