Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, постигна денеска најбрзо време во квалификациите за утрешната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Унгарија.

Актуелниот светски првак дојде до 101-та пол – позиција во кариерата со време од 1:15:419 минути, додека второто место го освои неговиот тимски колеги Валтери Ботас со 0.314 секунди заостанување. Од третото место на утрешната трка ќе стартува водечкиот во генералниот пласман Макс Верстапен (0.421).

Денешните квалификации беа прекинати на 6:40 минути пред крајот на вториот дел, откако возачот на Ферари, Карлос Сајнц, излета од патеката и удри со болидот во заштитната ограда.

Трката за ГН на Унгарија ќе се вози утре со почеток од 15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.