Хабиб Нурмагомедов ја зголеми својата легенда во УФЦ со победата која ја оствари во дуелот со Џастин Гејчи, по која со солзи во очите и откри на цела јавност дека става крај на својата блескава кариера.
Популарниот „орел“ од Дагестан одлучи да стави крај на својата кариера со неверојатен скор од 29-0, ветувајќи дека повеќе никогаш нема да се врати во октагонот без својот татко кој беше негов идол и тренер.
Хабиб остана без својот татко пред извесно време откако поради компликации од корона вирусот почина во болница, па откако на доминантен начин го совлада Гејчи по нецели две рунди, Нурмагомедов обелодени дека ќе го одржи ветувањето кое и го дал на својата мајка, а тоа е дека повеќе нема да има УФЦ борби.
Нурмагомедов беше крајно емотивен веднаш по крајот на мечот и емотивно се распрсна по тешкиот период кој го остави зад себе, а неколку часа по борбата, со емотивна објава за својот татко ја заокружи својата пензија од УФЦ.
Кога Бог е со тебе, никој не може да те скрши, никој. Татко, ти благодарам за се што ме научи во животот, Бог нека те однесе во највисокиот Рај – порача Хабиб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.