Хабиб Нурмагомедов со зафат на почетокот од втората рунда го победи Џастин Гејчи и шокантно објави крај на кариерата, нешто што никој не го очекуваше.
Хабиб без пораз, со 29 победи ја завршува кариерата во УФЦ, вечерва имаше уште еден блескав настап откако на брилијантен начин го победи Џастин Гејчи.
Првата рунда беше речиси изедначена, но финишот од неа му припадна на Хабиб кој го собори Гејчи на подот но немаше време за финиш. Тоа што го почна во првата го доврши на почетокот од втората, со мајсторски зафат победи и покажа кој е кој во лесна категорија.
По мечот Хабиб со многу емоции и солзи победата ја посвети на својот неодамна починат татко кој му беше и тренер.
&n
Khabib emotional after winning #UFC254
(via @ufc)pic.twitter.com/Z2l3nbPw9N
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 24, 2020
Откако го доби појасот изјави дека неговата мајка побарала од него да не се бори без неговиот татко да биде крај него, тој и ветил дека ова ќе биде последна негова борба во чест на татко му, а по неа става крај на кариерата
“Today is my last fight here in UFC.” #UFC254 pic.twitter.com/sq6R9LxN1i
— UFC (@ufc) October 24, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.