Грчката машка ватерполо репрезентација го постигна најголемиот успех на Олимписките игри, откако избори пласман во финалето со триумфот од 9-6 над актуелниот европски првак Унгарија (2-1, 1-1, 2-2, 4-2).
Грција до шестата победа во седмиот настап на Олимпијадата во Токио дојде на својот стандарден начин, со одлична игра во одбраната и расположениот Стилијанос Аргиропулос во нападот со четири голови.
Со триумфот во полуфиналето, Грција го обезбедувајќи првиот олимписки медал во ватерполо. Досега, највисок пласман им беше четвртото место на Игрите во Атина 2004.
Грција во финалето, кое е на програмата в недела со почеток од 9:30 часот, ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Србија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.