Јапонката Миу Гото, членка на јапонскиот софтбол тим што освои злато на Олимписките игри во Токио, ќе добие нов медал поради тоа што градоначалник на нејзиниот роден град Нагоја, Такаши Кавамура, гризна нејзиниот медал на настан за да прослави.
Кавамура притоа не го оштети медалот, но сепак, предизвика скандал во Јапонија поради непочитување на Ковид протоколите, но и непочитување на наградата на Гото, па организаторите на Токио 2020 одлучија спортистката да добие ново одличје.
Гризањето на медалот одамна е вообичаена практика, како симболичен „брз тест за автентичноста на златото“, но тоа го прават спортистите освојувачи. Јапонците на интернет веднаш го осудија градоначелникот.
Кавамура се извини еден ден подоцна, а понуди и да плати за замената на медалот.
Ја заборавив мојата позиција како градоначалник на Нагоја и постапив на крајно несоодветен начин. Целосно сум свесен дека треба да размислам за тоа – изјави градоначалникот.
Сепак, Меѓународниот олимпски комитет најверојатно ќе ги сноси трошоците за изработка на новиот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.