Германскиот тенисер, Александер Зверев, го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето од тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, со што стави крај на обидот на најдобриот тенисер на светот за совршена сезона.
Зверев славеше со 2:1 во сетови и во финалната борба за златниот медал ќе се сретне со Русинот Карен Качанов, кој го совлада Шпанецот Пабло Карено-Буста.
Почетокот на мечот најавуваше продолжување на триумфалниот од на Ѓоковиќ, кој го доби првиот сет со резултат 6:1. Сепак, Германецот заигра многу подобро во вториот сет, го доби со 6:3 во гемови и со огромна самодоверба влезе во решавачкиот трети сет.
Во него Зверев играше како во транс, додека Ѓоковиќ ја загуби концентрацијата, што резултира со дури три брејка за Зверев и конечен триумф во сетот со 6:1.
По овој пораз, на Ѓоковиќ му преостанува да се бори за повторување на бронзениот медал, што го освои и на Олимпијдата во Пекинг 2008 година.
Следен предизвик за популарниот Ноле ќе биде обид да слави на УС Опен, со што ќе ја заокружи сезоната со победи на сите четири Грен слен турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.