Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, приреди крштевка за своите две деца Тара (6) и Стефан (9) во манастирот Острог во Црна Гора. Со тоа, српскиот тенисер ја продолжи тардицијата да ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот.

Новак се венча со сопругата Јелена во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно. Крштевањето го изврши српскиот патријарх Порфириј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banjaluka.net (@banjaluka_net)

Децата беа облечени во бело за време на церемонијата, а Новак разговараше со патријархот Порфириј пред самата церемонија, пишува Мондо.рс.

Новак многупати има зборувано за тоа колку му значи верата, а последен пат детално зборуваше за тоа кога го освои УС Опен. Тогаш рече дека во најтешките моменти и во животот и во тенисот бара поддршка од Бога.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.