Денешниот ден е ден за историја на македонската одбојка откако македонската одбојкарска репрезентација ја зебележа првата победа на Европско првенство. Триумфот беше издовјуван  над Белорусија со 3-1, иако првиот сет го доби противникот.

Во вториот и третиот сет се водеше голема борба, која ја добија нашите одбојкари, а потоа следуваше шоу во четвртиот сет кој повтроно отиде во полза на Македоците.

Многу сум среќен. Ова е историја. Најважен меч за македонската одбојка. Ние имаме сила, имаме срце. Величествено, срце планина на сите момци. Три бода. Утре дај Боже втора победа. Мислам дека утре ќе играме одлично. Со Словенија секогаш сме играле одлично. Ќе биде одлична атмосфера и ќе биде интересно, рече Ѓоргиев по завршување на историскиот меч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.