Четирикратниот светски шампион во кик-бокс, Димитар Ѓорѓиев со изненадувачки статус ѝ се обрати на македонската јавност, вели дека последниот златен медал кој го освои му е најомразениот досега.

Ѓорѓиев на Светското првенство во Италија по четврти пат стана шампион на светот, но брзо потоа преку социјалните мрежи порача дека ги откажува сите приеми и интервјуа.

Како што вели, на Светското првенство учествувал бидејќи го сака спортот, но дека не сака да биде дел од поделеноста во Македонија.

Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред сѐ од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена.

 

За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт, ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино.

 

Сите мои гостувања и планирани интервјуа ке бидат откажани, а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа! – објави Ѓорѓиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.