Најдобрите ракометни судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да ја делат правдата на мечот меѓу Шведска и Египет, натпревар од групата Д на Мундијалот во Германија и Данска. Оваа средба се игра вечерва со почеток од 20,30 часот во „Ројал“ Арената во Копенхаген.

Николов и Начевски имаат големо меѓународно искуство и важат за еден од најдобрите судиски парови во светот со континуитет на настапи на големите натпреварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.