Новак Ѓоковиќ е главна ѕвезда во олимпиското село и поради тоа добива најмногу барања за готографирање од другите спортисти, но истовремено влегува и во неочекувани ситуации и разговори.
Српскиот тенисер не крие дека ужива во олимпиското село и признава дека сака да разменува искуства со остнатите спортисти, посебно кога станува збор за исхраната и тренинзите, а од бројните селфи фотографии најголемо внимание кај неговите фанови привлече таа со пливачката од Алжир, Амал Мелих бидејќи неодоливо потсетува на неговата сопруга Јелена.
Пливачката и Јелена имаат иста боја на очите, но и боја на косата, а бидејќи Мелих е фотографирана со маска на лицето, сличноста со сопругатана тенисерот е неверојатна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.