Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше скршен после двата порази во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио. Прво беше поразен од Александар Зверев во сингл, а неколку часа подоцна остана без шанса да се бори за златен медал во мешани двојки.

Не знам. Немам поим. Искрено, не знам што да кажам, остана Ѓоковиќ без текст во изјавата за РТС.

Новинарите на големо пишуваат за најдобриот светски ас кој остана без медал. Најновата вест која доаѓа вели дека Ѓоковиќ не се откажал само поради замор како што претходно беше наведено, туку постои и уште една причина.

Прворангираниот светски тенисер имал и повреда на рамото и не можел повеќе да ризикува да игра тенис. Превентивно се откажал од натпреварот во микс во двојки, за да не се здобие со потешка повреда пред следните предизвици, во случајов тоа е УС Опен.

Србинот во пар со Нина Стојановиќ требаше да игра за бронзата во микс во двојки, но по откажувањето, медалот замина во рацете на Џон Пирс и Ешли Барти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.