Новак Ѓоковиќ сè уште не е сигурен дали ќе настапи на првиот грен слем турнир наредната сезона – Австралија опен. Тој не открива дали се вакцинирал, а надлежните органи во околината на Мелбурн не попуштаат и ќе бараат имунизација на сите учесници на турнирот.
Тенискиот ас, кој неодамна загуби во полуфиналето на завршниот турнир во Торино, испрати порака преку социјалните мрежи, која предизвика доста реакции во јавноста.
Болеста доаѓа поради ментален пад. Секој човек треба да биде свој лекар. Ако не е тивок внатре, тогаш залудни му се сите лекови и најдобрите лекари. Потсвеста на современиот човек е вознемирена како немирен океан со големи бури. Потсвеста полна со впечатоци ја прави душата немирна. Емоциите потоа зовриваат како вулканска ерупција. Без работа на емоции, духовноста е само кула од карти. А што е човек без мир во душата? Одделен од Божјата благодат, тој залудно се обидува да најде утеха во материјалните работи. Таму нема утеха, тоа е јама без дно. Повеќе, повеќе, дајте повеќе и конечно повторно празнина. Кога душата ќе стане мирно море, тогаш започнува исцелувањето. Запомнете дека тоа е златното правило. Изворот на повеќето болести е во духот, така што духот може да ги победи повеќето болести, напиша Ѓоковиќ цитирајки го Никола Тесла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.