Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, со победа против домашниот тенисер, Каи Нишикори со 6:2, 6:0 се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио.
Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за пласман во полуфиналето ќе игра против петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев.
Германскиот тенисер беше подобар од Французинот Жереми Шарди и славеше со 2:0 во сетови.
Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо-Буста од Шпанија и Карен Качанов од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.