Новак Ѓоковиќ би можел да се најде во сериозна неволја поради организацијата на „Адрија Тур“.

Според швајцарскиот весник „Блик“, против српскиот тенисер можеби ќе се поднесе тужба за индиректно нанесување штета на луѓето.

Доколку се утврди дека биле оштетени луѓе затоа што правилата за хигиена очигледно не биле запазени на „Адрија тур“, на Ѓоковиќ му се заканува тужба како ко-организатор, пишува весникот.

Во Белград и Задар, Новак одржа два турнира со публика без потребното растојание на трибините.

Во српската престолнина, тој ги собра своите гости во ноќен клуб на бурна забава.

Бугаринот Григор Григор прв објави дека е заразен. Потоа се огласи Хрватот Борна Чориќ, тренерот на Димитров, Крис Гро, физиотерапевтите на Григор и Новак, какои Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра, а на крај и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа дијагностицирани со коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.