Најдобриот тенисер на светот,  Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио.

Ваквата најава на популарниот Ноле, доаѓа откако веднаш по освојувањето на Вимблдон, српскиот тенисер изјави дека размислува дали да патува на Игрите.

Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медали на олимписките терени. За мене, играњето за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставуваше посебна радост и мотивација, и ќе дадам се од себе да не направам сите среќни – изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.