Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши календарската година со пораз во полуфиналето на АТП турнирот во Торино, по што на прес-конференција по дуелот со Александер Зверев остана таинствен дали во февруари ќе настапи на Австралија Опен.
Неизвесноста околу настапот на српскиот тенисер на првиот грен-слем турнир во 2022 година порасна, откако организаторите во Мелбурн објавија дека цврсто стојат на ставот дека сите тенисери, кои ќе сакаат да настапат, мора да бидат вакцинирани против корона вирусот.
Ѓоковиќ досега никогаш децидно не се изјасни дали е вакциниран, истакнувајќи дека тоа е „приватна работа“.
Не знам дали ќе играм во Мелбурн. Ќе видиме – изјави кратко Ѓоковиќ, по поразот од Александер Зверев во полуфиналето во Торино.
За српскиот тенисер ова беше втор пораз сезонава од германскиот тенисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.