Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ сепак нема да патува за Австралија на АТП купот.

Најдобриот тенисер во светот нема да се појави на АТП купот кој почнува на 1 јануари, јавуваат српските медиуми.

Србија се најде во жрепката благодарение на Ѓоковиќ, но тој сега во Сиднеј нема да присуствува.

Претходно беше познато дека во Сиднеј нема да оди селекторот Виктор Троицки, а негова замена требаше да биде токму Ноле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.