Иако пред неколку дена се појавија информации дека Новак Ѓоковиќ нема да настапи на АТП Купот, кој ќе стартува наредната недела во Сиднеј, тие информации не се точни.

Неговиот ПР тим ѝ соопштил на Австралиската тениска федерација дека уште нема одлука за негово дефинитивно откажување.

Нема официјални повлекувања од националниот тим на Србија, изјави портпаролот на Австралиската тениска федерација.

Новак веќе на големо се подготвува и за настап на првиот гренслем во годината, а тоа е Отвореното првенство на Австралија, каде што ќe ја брка рекордната 21-ва титула.

Сè уште не е познато дали тој ќе се појави бидејќи властите во Викторија донесоа закон кој вели дека од први јануари сите што ќе настапат, мора да имаат примено вакцина против ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.