Поради болки во рамото, Новак Ѓоковиќ го предаде мечот против Стен Вавринка и го заврши настапот на УС Опен. Србинот се откажа при негатива од два сета, а губеше и во третиот 4-6, 5-7 и 1-2. Во текот на вториот сет имаше предност од од 4-1 но веројатно како резултат на болките во рамото ја прокоцка предноста.

Кога се предаде, Ѓоковиќ беше исвиркан од гледачите. По мечот српскиот тенисер не сакаше многу да зборува за тој момент.

Болката беше константна со недели. Жал ми е за публиката. Јасно е дека тие дојдоа да гледаат цел меч, но едноставно тоа не можеше да се случи. Многу луѓе не знаат што се случува, па не можам да ги обвинам, вели тој.

Ѓоковиќ го бркаше својот 17. грен слем трофеј. Пред него се Федерер со 20 и Надал со 18.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.