Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Рим откако со 7:5 и 6:3 го елиминира Каспер Руд.

Новак имаше проблеми на стартот, но кон крајот на првиот сет „додаде гас“ и заслужено победи. Со тоа, Ноле по десетти пат во кариерата ќе настапи во финале во Рим, а ќе игра за 36. трофеј на мастерс турнирите, што ќе биде рекорд.

Новак во финалето ќе игра со подобриот од Шаповалов и Шварцман кој се игра вечерва. Финалето ќе се игра утре за кога е закажан и женскиот дуел за трофејот помеѓу Халеп и Плишкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.