Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ успешно го почна третиот гренслем-турнир во сезоната, Вимблдон, откако го совлада младиот англиски тенисер Џек Дрејпер со 3-1 во сетови, односно 4-6, 6-1, 6-2 и 6-2.
Во текот на првиот сет Ѓоковиќ имаше проблеми, па неколку пати се лизна на теренот што негативно влијаеше врз ритамот на играта, а Дрејпер го искористи тоа и го доби првиот сет со 6-4.
Меѓутоа, Ноле почна да доминира од почетокот на вториот сет, кој му припадна со 6-1, а потоа следните два сета ги освои со по 6-2 за пласман во следното коло.
Start as you mean to go on…@DjokerNole’s pursuit of a third consecutive Wimbledon title is off to a winning start, beating Jack Draper 4-6, 6-1, 6-2, 6-2#Wimbledon pic.twitter.com/soTVGWBze4
— Wimbledon (@Wimbledon) June 28, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.