Србинот Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Мадрид, откако вечерва во финалето го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-0 во сетови.

Во меч кој траеше еден час и 33 минути, Србинот првиот сет го доби со 6:3, а вториот со 6:4.

Турнирот во Мадрид се играше за награден фонд од 6,5 милиони евра.

Во женска конкуренција трофејот го освои Кики Бертенс од Холандија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.