Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на турнирот во Париз откако во финалето го совлада Данил Медведев од Русија.
Првиот сет му припадна на Русинот со 6:4. Следните два ги доби првиот светски рекет со по 6:3.
Оваа титула му овозможи на Ѓоковиќ да го собори рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по број на освоени турнири од Мастерс серијата. Тој сега има 37, додека Надал остана на 36.
АТП Ролекс Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од три милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.