Новак Ѓоковиќ е најбаранaта личност во олимпиското село во Токио каде Србинот последните неколку дена беше „цел“ на спортистите ширум светот кои чекаа на ред да дојдат до фотографија со најдобриот тенисер на светот.
Харизматичниот Србин не одби ниту еден колега, а успеа да направи и „шоу“ откако влезе на гимнастичарски тренинг на репрезентативките на Белгија. Воодушевена беше целата селекција, а светската и европска шампионска Нина Дерваел фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.