Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак, изјави македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој испиша историски успех на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, каде што го освои сребрениот медал. Олимпиското сребро е најголем успех во македонскиот спорт од самостојноста на државата. Претходно, во 2000 година, на ЛОИ во Сиднеј борачот Могамед Ибрагимов освои бронза.

Георгиевски кажа дека најважна му била првата борба на игрите, а исто така додаде дека го дал максимумот против сите негови ривали.

Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум под импресии и не можам да кажам ништо повеќе. Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак. Како што кажав и претходно, ќе го дадам максимумот против сите кои се дојдени на Олимписките игри. Добив голема поддршка и благодарен сум поради тоа, вели Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.