Францускиот пливач Аксел Ремон заврши како првопласиран на денешниот 50. јубилеен Охридски маратон, откако патената долга 25 километри ја мина за време од 5:10.31 часа.
Тоа беше машка борба до самиот крај, како да е спринт на 50 метри, со оглед што второпласираниот Едоардо Стокино имаше една секунда заостанување, а нашиот Евгениј Поп Ацев беше третопласиран со само три секунди полошо време од победникот.
„Може да се каже дека сум задоволен, иако бев блиску до првото место. Трето место е добар успех за мене, со ваква силна конкуренција. Трката беше интересна, до самиот крај се боревме. Одлучуваа секунди, на крајот реши спринтот. Сепак, победи најдобриот, Аксел е светски шампион на 25 километри, европски шампион актуелен од годинава, тој беше фаворит и заслужено победи“, изјави Поп Ацев за Македонската Радио Телевизија (МРТ).
Во женска конкуренција од седум пливачки славеше Осеан Касињол од Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.