Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави фотографија која им ја испратил нивни читател на која се гледаат сплитските хулигани кои вчера нападнаа младински ватерполисти на белградска Црвена звезда, од кои еден мораше да рипне во море за да спаси глава.
Седев во кафуле, гледав во морето и се решив да сликам една едрилица која само што тргна кон отворено море. Не ни сфатив дека има некоја тепачка и дека нешто се случува. Дури отпосле сфатив дека сум ги „фатил“ двајцата хулигани кои бркаа ватерполисти, изјавил читателот.
Во меѓувреме, хрватската јавност е бесна поради овој срам кој им го нанесоа сплитските хулигани, се бара одговорност од локалната полиција која морала да им биде придружба на српските ватерполисти, а со осуда за инцидентот се јави и хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.