Пред стартот на неделното Монако ГП, Формула 1 со минута молк ќе му оддаде почит на трикратниот светски шампион Ники Лауда, а Австриецот, кој почина во понеделникот на 70 години ќе добие погласна посвета на крајот на трката.
Лауда, еден од најлегендарните Ф1 возачи во историјата и човек кој се врати од работ на смртта во Нирбургринг во 1976 да освои уште две титули по првата во 1970, беше не-извршен директор на Мерцедес.
Минутата молк ќе се оддржи во 14:53 часот, 17 минути пред стартот на трката, кога на 20-те возачи ќе се приклучат и современиците на Лауда со црвени капи во рацете, такви какви што Австриецот ги носеше за покривање на изгорениците добиени од тој инцидент во 1976 година. Ф1 исто така посочи дека навивачите на трибините ќе му оддадат почит на Лауда во победничкиот круг по трката, кога беа повикани да аплаудираат, да поставуваа банери, а тие на јахтите да свират со своите сирени.
Мерцедес, Мекларен и Ферари веќе возеа со налепници во чест на Лауда, а сите членови на Мерцедес носат црни ленти на рацете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.