Поранешниот светски шампион во бокс Тајсон Фјури раскажа како се подготвува за реваншот со Дионтеј Вајлдер.

– Правам многу работи што порано не сум ги направил. Јадам пет или шест пати на ден, пијам осум литри вода. Ако тоа ми даде предност, јас сум подготвен да пробам. Мастурбирам седум пати на ден, продолжувам да го покачувам тестостеронот, изјави Фјури.

Реванш мечот Вајлдер – Фјури ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.

Во првата меѓусебна пресметка на почетокот на декември, немаше победник по што шампионскиот појас во ВБЦ верзијата во тешка категорија остана кај Вајлдер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.