Филип Михов ја освои шампионската титула во сениорска конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во шах кое од 24 до 31 јули се одржа во Струга.
Шахистот на Алкалоид се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан Главинац, кои беа меѓу првите што се наметнаа на врвот на табелата, а во последното коло ремизираше со ИМ Никола Николовски.
Михов на претходното Отворено првенство на Македонија 2019 имаше изборено пласман на завршницата односно за таканареченото Затворено државно првенство на кое според актите на ШФМ треба да се круниса државниот шампион, но тоа првенство федерацијата не успеа да го организира и го откажа.
Михов, кој како освојувач на медал од Информатичката олимпијада сега е студент на Оксфорд и по титулата младински шампион од 2017 година, сега во својата колекција ја додава и сениорската титула, со што направи исчекор и се доближи кон шаховскиот наслов ФИДЕ Мајстор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.