Добро утро, иако за мене не е, но ќе биде, порача спортскиот новинар Игор Филевски Филе споделувајќи фотографија од болнички кревет.
Сакам да одбележам дека вторпат лежам во болница, вторпат на државна клиника (во која не плаќам ни цент за комплетната услуга и медикаментите), во две различни држави досега и секогаш добивам неспоредливо поголема грижа и врвни здравствени услови за разлика од матичната држава во која се родив, растев, овозраснував и плаќав постојано даноци и здравствено осигурување (приватните клиники во МК се исклучок од муабетов, ама тоа е сè за кеш), пишува Филе кој веќе неколку години е во Малта.
И како да не ми е криво?, прашува тој.
Како да не ми е мака?
Како да замижам пред тој факт?
Како? А Македонија како земја и територија ќе ми остане „нааај“ секогаш во срце, каде и да сум, ама како земја…, напиша Филе во пораката споделена покрај фотографијата на која лежи во болничка постела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.