Михаел Шумахер на 3 јануари 2019 година ќе наполни 50 години и тој ден во негова чест Ферари ќе отвори изложба. Германскиот возач го управуваше болидот на италијанскиот тим од 1996 до 2006 година и за тој период освои 5 од вкупно седумте титули во Ф1 циркузот. Во Ферари тоа не му го забораваат, па во Маранело ќе организираат постановка со најзначајните фотографии од кариерата на Шумахер.

„Михаел има посебно место во историјата на Ферари“ се неведува во соопштението од Ферари во врска со изложбата која ќе носи назив „Михаел 50“.

Шумахер на крајот на декември 2013 година по пад на скијање на француските Алпи доживеа тешка повреда на главата од која сеуште се опоравува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.