Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека можеби ќе се повлече од Ролан Гарос со цел на Вимблдон да може да настапи во најдобра можна форма.

Сега треба да одлучам дали ќе продолжам да играм или овој товар е преголем за мене. Можеби сега е совршено време да се опуштам. Мора да одлучам што ќе биде најдобро за подготвен да одам на Вимблдон. Во Париз, ја проценувам мојата состојба наутро по секој натпревар, ги следам сензациите во коленото. Оние што направиле операција како мојата ќе ме разберат. Секако, би сакал да бидам на местото на Рафа или Новак, кои мислат: „Се чувствувам добро, затоа победувам. Но, го немам тоа чувство. За мене, сето ова е подготовка за нешто поважно – изјави Федерер.

Триесет и деветгодишниот Федерер го игра третиот турнир по операцијата на коленото. Во четвртото коло на Грен слемот во Париз, тој утре треба да игра со Италијанецот Матео Беретини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.