Освојувачот на 20 Грен слем турнири, Роџер Федерер, кој минатата недела наполни 40 години, наскоро ќе одлучи дали ќе се врати на тениските терени. Тој поради повреда нема настап уште од Вимблдон.
– Поради повредата на коленото не тренирав долго време. Оваа недела ќе се сретнам со лекарите и со мојот тим ќе одлучиме за нашите идни планови. Сега сите сме малку во неизвесност.
Но, јас сум мирна личност, третирам се со хумор, барам позитивни моменти во секоја ситуација. Ако е лошо сега, тогаш знам дека ќе биде подобро. Генерално, ми оди многу добро. Неодамна наполнив 40 години, но сепак играм. Кој би помислил? Не сум сигурен за следните чекори. Само знам дека сум во хармонија со себе и сигурен сум дека ќе има многу прекрасни моменти во иднина, изјави Федерер.
Швајцарскиот тенисер во моментов се наоѓа на 9. место на светската ранг-листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.